Душко Ивановиќ повторно на чело на Басконија

Душко Ивановиќ е нов тренер на Басконија, пренесуваат шпанските медиуми. Црногорскиот стратег се враќа во Виторија, која под негово водство два пати ја освојуваше АЦБ лигата, четири пати Купот на кралот, а еднаш беше најдобар и во Суперкупот.

Ивановиќ доаѓа од екипата на Бешикташ, со која настапуваше во Лигата на шампионите на ФИБА. Стратегот има големо искуство во Шпанското првенство и во Евролигата каде има повеќе од 750 натпревари зад себе.

Договорот е со важност до крајот на сезоната, а своето деби на кормилото на клубот ќе го има во четврток во мечот од Евролигата против Алба Берлин.

Се вчитува...