Душко Трајчевски потпиша за кипарски Алки

Душко Трајчевски и дефинитивно заминува од редовите на Работнички, денеска официјално потпишувајќи договор со кипарскиот прволигаш Алки.

Досегашниот капитен на „романтичарите“ се одлучи да стартува интернационална кариера по крајот на договорот со тимот до Дебар маало, и покрај одредени опции за останување во македонскиот шампионат. Па, 27-годишниот фудбалер од средниот ред, сега како слободен фудбалер, се договори за едногодишна соработка со Алки кој и следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига на Кипар.

Трајчевски за Работнички настапуваше од 2013 година, а претходно бил дел и од второлигашите Локомотива и Тетекс.

Се вчитува...