Душко Вујошевиќ има нов клуб, доаѓа и во Скопје

Легендарниот кошаркарски стратег Душко Вујошевиќ во новата сезона ќе биде дел од црногорскиот состав Студентски центар каде ќе работи како стручен консултант, потврди клубот од Подгорица. За 63-годишникот тоа воедно претставува и враќање во АБА лигата чиј дел во следната сезона ќе биде и македонскиот шампион МЗТ Скопје па повторно ќе има прилика да го посети нашиот главен град, но овој пат во друга улога.

Трофејниот тренер ќе биде главен координатор на сите тренери и младински категории и очекувањата се дека со неговиот победнички дух и неверојатно искуство ќе го искачи тимот на следното скалило.

Вујошевиќ богатата тренерска кариера ја започна во ОКК Београд, а најголемиот успех го достигна со белградски Партизан, предводејќи го составот во неколку наврати и притоа освојувајќи пет титули во АБА лигата, шест титули во српското првенство и пет титули во српско-црногорската лига.

Се вчитува...