Дувњак ги спаси Хрватите од пораз во драматичен меч против Србија во Белград

Србија и Хрватска ремизираа (25-25) во драматичен натпревар од Групата 2 во квалификациите за ЕП 2020.

На дуелот кој се играше во „Штарк арената“ во Белград, пред околу 8.000 гледачи, Хрватите извлекоа реми во последните секунди од мечот благодарение на „бомбата“ на Домагој Дувњак кој постигна шест погодоци на дуелот. Претходно Вања Илиќ постигна гол за 25-24 за домашните, но Дувњак не дозволи голема победа за Србија.

Србија сега, по три одиграни натпревари, е со само два бода, претходно ремизираше и со аутсајдерот Белгија. Додека Хрватска е на чело во групата 2 со 5 бода, еден повеќе од второпласираната Швајцарија.

Се вчитува...