Хрватска во епски меч по дури 20 дополнителни минути го скрши отпорот на Норвешка и се пласираше во големото финале од ЕП 2020, а во главна улога беше Домагој Дувњак. Асот на Кил покрај вообичаено одличната игра во одбраната, овојпат блесна и во нападот, предводејќи го „коцкестите“ до огромна победа.
По мечот, еуфорично се прославуваше пласманот во големотo финале, а Дувњак остана скромен како и секогаш.
„Јас ја добив наградата за играч на натпреварот, но ракометот е тимски спорт и немаше да успееме доколку сите не го дадевме максимумот. Да бидам искрен, не се ни сеќавам на продолженијата, сега не би можел да ви кажам ниту еден детал. Се гледавме еден со друг, не можевме ни да си зборуваме премногу, бидејќи се се случуваше толку брзо. Не се предадовме ниту кога паѓавме, најдовме начин да се вратиме и на крајот и да победиме“, изјави Дувњак по полуфиналето во Стокхолм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА