Дувњак останува во Кил до 2022 година

Домагој Дувњак ги разреши сите дилеми околу својата иднина продолжувајќи ја соработката со Кил за уште две дополнителни сезони. Актуелниот договор на Хрватот истекуваше на крајот од сезонава, а со оглед на договорениот трансфер на Сагосен од ПСЖ се најавуваше дека Дувњак ќе си замине од таборот на „зебрите“. Сепак, ситуацијата експресно се промени, па одличниот бек денеска и официјално го стави потписот на новиот двогодишен договор со Кил.

„За мене Кил е најдобриот клуб во светот. Се враќаме на старите патеки, се бориме за трофеи и сакам да останам и да бидам дел од овој проект и во иднина. Моето семејство се чувствува одлично во овој град и не гледам зошто би менувал било што. Среќен сум што ќе продолжам да играм во сала во која редовно ја имаме поддршката од 10.000 навивачи на секој натпревар“ – изјави Дувњак по потписот на договорот.

Хрватот е член на Кил од 2014 година. Тој досега има одиграно 231 натпревар за бундеслигашот, притоа постигнувајќи 809 погодоци.

Се вчитува...