Два гола и асистенција – Несторовски му пресуди на Карпи (видео)

Илија Несторовски на најдобар можен начин се „извини“ за промашениот пенал минатото коло откако македонскиот голгетер денеска го предводеше Палермо до убедлива победа над Карпи од 4-1.

Капитенот на Палермо го почна мечот со мајсторска асистенција со глава до Фалети за водство од 1-0, за потоа самиот да зголеми на 2-0 со прецизен шут од петнаесетина метри. Карпи намали на самиот почеток од вториот дел, но Палермо ја врати предноста на 3-1 преку Пушкаш, на додавање на Александар Трајковски.

Конечните 4-1 во самиот финиш ги постави Несторовски, постигнувајќи го својот деветти погодок во „Серија Б“ сезонава.

Се вчитува...