Два гола на Доријан Бабунски, но Ботев Враца загуби

Македонскиот интернационалец Доријан Бабунски кој игра во дресот на Ботев Враца, денеска постигна два гола, со кои беше блиску да му донесе еден бод на својот тим во дуелот со Арда.

Арда водеше по првиот дел, а потоа поведе и со 2:0. Сепак, Бабунски најпрво од пенал, а потоа и од игра, за три минути успеа да израмни. Домашната екипа во финишот во судиското надополнување стигна до 3:2 и до трите бода.

Бабунски со овие два гола, стигна до бројката шест погодоци во бугарската Прва лига.

Се вчитува...