Два гола на Мбапе за три бода на ПСЖ

Килијан Мбапе беше во главна улога во вечерашниот триумф на ПСЖ на гостувањето против Анже, на кое „светците“ славеа со 1-2. Токму францускиот голгетер беше двоен стрелец за својот тим, кој направи уште еден значаен чекор напред кон одбрана на титулата во домашното првенство, кога веќе трофејот во ЛШ и сезонава остана недостижен.

Дуелот беше решен во првото полувреме, по две акции во кои учествуваше и Лео Меси. При првиот гол Меси одигра одлична длабочинска топка по која Солер го проигра Мбапе, кој немаше тешка задача да ја затресе мрежата. Мбапе петнаесетина минути подоцна зголеми на 0-2, од контранапад по беспрекорната асистенција на Меси.

Анже пред самиот крај успеа да го ублажи поразот преку Тиуб во 87. минута, премалку за да се избегне пораз против најдобриот француски клуб во моментов.

Се вчитува...