Два гола во две минути: Несторовски и Трајковски ја решија Читадела

Палермо за половина полувреме стигна до удобна предност од 2-0 над Читадела, а најзаслужни за тоа се Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Двајцата Македонци одиграа одлично кон средината на првиот дел, па во рок од две минути постигнаа два погодоци, најпрвин Несторовски so прецизен удар со глава го отвори резултатот, пред Трајковски да го матира гостинскиот голман за водство од 2-0 на сицилијанскиот клуб.

Доколку стигне до победата на овој меч, Палермо ќе остане во игра за второто место на табелата кое значи и директен влез во „Серија А“.

Се вчитува...