За само една минута, два гола на дербито на „Етихад“ за 1:1. После одличниот погодок на Шерки, следуваше огромна грешка на Донарума и Арсенал успеа да се врати од негатива.
Францускиот интернационалец Рајан Шерки успеа да донесе предност за Манчестер Сити, откако се „прошета“ низ одбраната на Арсенал, и магично го совлада Раја за предност на домашната екипа.
Сепак, Манчестер Сити во истата минута доби и трагичар во името на Џанлуиџи Донарума. Лошо ја исфрли топката, таа удри во Хаверц за израмнување и сега повторно се од почеток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
