Доријан Бабунски беше во главна улога на денешниот натпревар меѓу Ботев и Левски, на кој домашниот тим славеше со 2-0 над гостите од Софија.
Поранешниот младински репрезентативец ги постигна двата гола, со кои Ботев стигна до три бода против големиот фаворит. Бабунски најпрвин биеше прецизно со глава во петтата минута, а потоа во второто полувреме успешно реализираше и пенал, покажувајќи дека ќе биде главен адут на својот тим во противничките шеснаесетници оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА