Два меча суспензија за Игуаин, ги пропушта Лацио и Парма

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин, доби суспензија од два натпревара поради вербалниот напад на судијата на дербито против Јувентус минатиот викенд. Аргентинецот, пред крајот на натпреварот имаше бурна реакција и во налетот на емоциите се пресметуваше со судиите и доби директен црвен картон.

Според соопштението од дисциплинската комисија, Игуаин е казнет поради „протест“, непочитување на судиите како и поради негодувањето додека го напушташе теренот. Игуаин ќе го пропушти дербито против Лацио како и натпреварот против Парма. Во тимот ќе се врати за мечот против Торино на 9.декември.

По поразот од Јувентус, Милан му ја препушти четвртата позиција на табелата на следниот противник, Лацио од кого има еден бод помалку.

 

Се вчитува...