Два пенали доволни за победа на Јуве против Лацио (ВИДЕО)

Јувентуст славеше со 0-2 на гостувањето кај Лацио во натпревар од 13. коло од италијанската Серија А. Гостите стигнаа до водство во 23. минута кога Алваро Мората успеа да изнуди пенал, кој го реализираше Леонардо Бонучи.

Во вториот дел беше досуден уште еден пенал за „старата дама“ кој повторно успешно го реализираше Бонучи за конечен триумф од 0-2 и приклучок кон врвот на табелата во италијанското првенство.

 

Се вчитува...