Два пенали изнудени од Елмас…, па Алиоски и Несторовски за водство од 2-0 на полувремето (ВИДЕО)

Македонската репрезентација има одлична предност од 2-0 по првото полувреме против Ерменија на „Тодор Проески“ во првиот натпревар од Ц лигата на новата сезона во Лигата на нации. Два наивни старта на гостинските дефанзивци, два пенали изнудени од Елиф Елмас, кои Алиоски и Несторовски ги искористија за убава македонска предност.

Уште во 2. минута пенал за Македонија. Алиоски од корнер кратко проигра со Адеми кој нафрли пред голот на Ерменците, каде беше соборен Елиф Елмас во воздушниот дуел. Па, во 5. минута Езгијан Алиоски прецизно стрела за водство од 1-0.

Во продолжението Ерменците веднаш поотворено кон голот на Шишковски, па во 9. минута одлично шутираше од 15 метри Харојан, но над голот.

Во 15. минута одлично се закани и Бобан Николов на спротивната страна, со шут од околу 18 метри, но за малку покрај левиот дирек од гостинскиот гол.

Ерменците продолжија во обидите да дојдат до израмнување, во неколку наврати се закани Карапетјан, но Шишковски одличен на голот на Македонија.

Во 35. минута, убав шут и на Алиоски од десната страна директно од слободен удар, но одбрани гостинскиот голман спречувајќи дуплирана предност за македонската репрезентација. И во 36. минута, повторно пенал за Македонија. По нафрлањето од десната страна на Ристовски, повторно соборен во воздушен дуел Елиф Елмас, овој пат од поранешниот вардаров фудбалер Хофханес Хамбарџумјан. А, овој пат прецизен од белата точка Илија Несторовски за 2-0 на полувремето.

ЛИГА НА НАЦИИ – Ц ЛИГА (1. КОЛО)
МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА (2-0)
Национална арена „Тодор Проески“, Скопје. Главен судија: Ирфан Пељто (БиХ). Стрелци: Алиоски 5′(п), Несторовски 37′(п) (М).
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски, Адеми, Николов, Барди, Алиоски, Елмас, Несторовски
Селектор: Игор Ангеловски
ЕРМЕНИЈА: Јурченко, Калисир, Хамбарџумја, Харојан, Григорјан, Вбејмар, Бајрамјан, Корјан, Ховханисјан, Карапетјан, С. Григорјан
Селектор: Жоакин Капарос

Се вчитува...