Два Светски купа во параглајдинг ќе се одржат во Крушево

Денес започнува ново меѓународно параглајдинг првенство, а натпреварите продолжуваат во текот на целиот летен период.

Од 4-ти до 10-ти јули парглајдинг клубот „Делта“ во соработка со Воздухопловната федерација на Македонија, а со поддршка на општина Крушево, го одржува пред Светскиот куп Флајмастер опен. Во склоп на овој натпревар се одржува и државно натпреварување.

Веќе од 14-ти јули следува меѓународен натпревар од највисока категорија – „Светски куп Крушево 2022“.

Параглајдеристите доаѓаат во Крушево уште од месец мај, а првите официјални натпревари, како Нордик опен, веќе се одржаа. Догодина Крушево е домаќин на Светско првенство во змајарство.

Се вчитува...