Цел стадион на нозе за Михајловиќ, „болоњезите“ победија со гол во 93. минута

Болоња го совлада СПАЛ со минимални 1-0 во првиот натпревар од второто коло во италијанската Серија А. Во прв план на мечот беше тренерот на домаќините Синиша Михајловиќ, кој и покрај болеста со која се бори го водеше тимот на овој натпревар, прв на домашен терен за Болоња сезонава. Над 25.000 грла на „Ренато дал Ара“ му дадоа поддршка на својот миленик во борбата со тешката болест.

Радоста беше целосна откако „болоњезите“ тоталната доминација ја крунисаа со гол во 93. минута, кога Соријано погоди за тотална еуфорија на стадионот во Болоња.

Се вчитува...