Двајца Американци го засилија новајлијата Ангели (ФОТО)

Новалијата во Првата лига, Ангели продолжува со составување на тимот за следната сезона, а по ангажманот на неколку македонски играчи во Кисела Вода пристигнаа и двајца Американци, Еј-Џеј Сумбри и Џони Васар.

Сумбри кој игра на позицијата центар и крилен центар доаѓа од Кактус Тбилиси каде на 20 одиграни натпревари во грузиското првенство постигнуваше просек од 12.5 поени и 8.0 скока, додека Васар игра на позицијата плејмејкер и доаѓа од српското првенство каде играл за екипата на Вршац во сезоната 2019/20.

Се вчитува...