Двајца фудбалери на Реал Мадрид не се ’збогуваа’ со Зидан

Зинедин Зидан си замина од клупата на Реал Мадрид. Пет дена откако третпат последователно ја одбрани европската круна со „кралскиот клуб“, тој одлучи да се повлече и да земе малку одмор, а зад себе остави  трофеи кои во просек ги освојуваше на секои 97 дена од периодот додека беше тренер на тимот. Оваа одлука на Французинот многу го изненади претседателот Флорентино Перез, е емотивни пораки му испратија речиси сите фудбалери. Но, шпанските медиуми ги издвоија двајцата фудбалери кои сепак не му кажаа ’збогум’ на Зинедин Зидан, најверојатно лути поради третманот што тој го имаше кон нив во изминатиот период.

Герет Бејл не покажа емоции кон стратегот, со оглед дека најголем дел од сезоната ја мина на сезоната за резерви. Велшанецот доби шанса во второто полувреме од финалето на ЛШ во Киев и го реши со два гола, но Зидан и потоа јавно истакна дека позицијата на Бејл нема да биде промената кога е минутажата во прашање. Но, сега ќе има промена на тренерската позиција, па можеби таа ќе биде во корист на Бејл.

Вториот фудбалер кој не се прости од Зидан е Хрватот Матео Ковачиќ. Тој исто така има статус на резерва во целиот период откако пристигна од Интер, и едноставно не може да се избори со конкуренцијата. Речиси секогаш предност во средниот ред на Реал Мадрид имаа Лука Модриќ, Тони Крос, Кашемиро и Иско.

Се вчитува...