Двајца кандидати на трибините на дербито, го нема само Наумоски (ФОТО)

Кампањата за претседател на МКФ е во полн ек, па јасно е зошто на трибините од СЦ „Јане Сандански“ се појавија и двајца кандидати за прв човек на мак-баскетот, во пресрет на Собранието на МКФ закажано за 15 мај.

Во ложата на аеродромската арена се наоѓаат Перо Антиќ и Владимир Темелковски, кои се главни кандидати за оваа одговорна функција. На трибините како и на поголем дел од претходните дерби натпревари го нема актуелниот претседател Петар Наумоски, кој се уште тактизира не објавувајќи дали ќе се кандидира за нов мандат, се уште правејќи „математики“ дали може да стигне до неопходното мнозинство.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...