Двајца Кинези ќе дебитираат во ракометната Лига на шампиони

Загреб патува како апсолутен аутсајдер на гостувањето против Барселона, што беше доволна причина за Веселин Вујовиќ да експериментира со составот и на пат за Каталонија да тргне со двајца кинески ракометари во составот. Голманот Кван Ванг и десниот бек Чујан Јао вчера го одработеа и тренингот во Барселона, па вечерва ќе излезат на мегдан против каталонскиот гигант, испишувајќи историја како први ракометари од Кина кои настапиле во елитното европско натпреварување.

Хрватска има договор за ракометно партнерство со Кинеската Ракометна Федерација, екипата на Пекинг Универзитет цела сезона тренираше во Загреб предводена од Владо Шола, притоа и настапувајќи во СЕХА-лигата.

Ванг и Јао важат за најталентирани од групата кинески ракометари кои беа во Хрватска во изминатиот период, а награда ќе им биде настапот против еден од најголемите ракометни колективи во историјата на овој спорт.

Се вчитува...