Двајца кошаркари на тимот со најдобар скор во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс се заразени со Ковид-19.
Од тестовите кои беа направени над дел од „Езерџиите“, два беа позитивни, но од клубот не сакаат да информираат за кои кошаркари се работи, како би ја зачувале нивната интима. Имало неколку кошаркари кои го одбиле тестирањето, но откако се покажаа два примерока позитивни, тие ќе мора во следните денови да направат тест за Ковид-19.
Маркус Смарт исто така е заразен со коронавирус, откако тест беше спроведен и врз кошаркарите на Бостон Селтикс.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА