Двајца параглајдеристи настрадале денеска, во два одделни инциденти, во близина на Мечкин Камен крај Крушево, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Првиот инцидент се случил за време на индивидуален лет, во кој параглајдеристот, при обид да слета, се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел безбедно да се спушти.
Неколку часа подоцна, пак, друг параглајдерист паднал за време на лет, при што со тешки телесни повреди, обилно крварење и состојба на бесознание итно е пренесен кон Скопје со хеликоптер до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Засега нема подетални информации за состојбата на тешко повредениот параглајдерист.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

