Двајца позитивни на Covid-19 и во Радовиш

Коронавирусот се шири во македонскиот ракомет, откако по 16-те позитивни случаи во КЛ7 беше обелоденето дека Covid-19 има и во таборот на Радовиш.

Токму Радовиш беше последен ривал на КЛ7, во нивниот меѓусебен дуел што беше одигран во понеделникот, а откако скопскиот клуб објави информација за масовна заразеност во неговите редови, очекувано беше вирусот да се појави и во таборот на радовишани, каде двајца ракометари се позитивни.

„Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи.

Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми.

Со Почит, 
РК РАДОВИШ

Ракометната Федерација на Македонија веднаш објави дека целокупното натпреварување во групата А од Супер-лигата, каде се наоѓаат КЛ7, Радовиш, Охрид, Пролет, Астраион, Јуниор КВ и Струга, е ставено во 15-дневно мирување, а по новото тестирање во сите клубови по истекот на овој период натпреварување ќе продолжи.

Се вчитува...