Двајца позитивни на Covid-19 во Реал Мадрид

Коронавирусот повторно им создава проблеми на спортските колективи ширум Европа. Последен на оваа листа е кошаркарскиот евролигаш Реал Мадрид, кој денеска пријави два позитивни случаи во своите редови.

Станува збор за шефот на стручниот штаб на „кралевите“, Пабло Ласо, како и за францускиот плејмејкер, Томас Ертел, кои билe позитивни на денешното тестирање во пресрет на дуелот со Алба Берлин.

Двајцата веќе се во самоизолација и ќе го пропуштат мечот со Алба, како и претстојното гостување против Милано во следното коло од Евролигата.

Се вчитува...