Двајца заразени од коронавирус во Феникс, НБА пред големи проблеми

НБА лигата и натаму е во сериозни подготовки за продолжението на сезоната закажано на неутрален терен, во Орландо на Флорида. Дизни центарот треба да биде домот на екипите кои ќе се борат за место во плејофот и потоа и во него.

Сепак, НБА на дневно ниво се соочува со проблеми. Најновата пречка во планот за рестарт се двајца заболени во тимот на Феникс. Екипата не ги објавува имињата на заразените играчи, но превентивно ги затвори сите објекти на клубот. Аризона од каде што доаѓа Феникс е државата која во моментов има најголем број новозаболени во САД.

Осум кошаркари на Феникс периодов учестувале на доброволните тренинзи што ги оргнизирал клубот. Од вчера НБА им дозволува на тимовите да имаат по четворица кошаркари на тренинг. Во НБА играчите се тестираат на дневно ниво.

Дополнителни проблеми прави и фактот што Флорида каде што треба на 7. јули да се соберат 22-те екипи кои ќе ја продолжат сезоната исто така е сериозно жариште на коронавирусот. Засега лигата не ги одлага плановите и покрај тоа што голем дел играчи се изјаснија дека не би сакале да играат во продолжението од сезоната во услови на пандемија.

 

Се вчитува...