Раководството на четирите професионални фудбалски лиги во Англија потрвди дека во последниот круг на тестирање забележани се два позитивни резултати. Како што се наведува во соопштението тестирано е 3.141 лице, а само две од нив се позитивни на коронавирус. Едно од лицата е од Чемпионшип, а едно од третото по ранг натпреварување.
„Заразените лица ќе бидат во самоизолација и ќе ги следат правилата. Тие што беа негативни на тестовите може да бидат дел од активностите во своите тимови“, стои во соопштението.
The latest round of the EFL’s coronavirus testing has produced two positive results from 3,141 tests.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 15, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА