„Дванаесеттиот играч“ на Менхенгладбах во акција против Интер (ФОТО)

Дуелот во Германија каде ќе се соочат Борусија Менхенгладбах и Интер ќе одлучува за судбината на „нероазурите“ во еврoпските натпреварувања. Италијанскиот состав е на дното на табелата во групата „Б“ без победа, со две ремија и два пораза, па победа над Борусија Менхенгладбах е од огромно значење за останување во игра за втората или третата позиција на табелата.

Бодовите се важни и за домашниот тим, кој пак е на врвот на табелата со осум освени бодови и скор од две победи и две ремија, без пораз, и еден бод пред второпласираниот Реал Мадрид. Доколку Германците сакаат да го осигураат првото место во групата, потребна е победа над Интер, а тоа добро го знае и „дванаесеттиот играч“ на тимот, навивачите, кои одлучија да го нарушат сонот на фудбалерите на Интер со огмномет пред хотелот каде тие престојуваат.

Се вчитува...