Две добри вести за Деле Али и за Тотенхем

Деле Али и Тотенхем имаат двојна причина за задоволство откако англискиот репрезентативен ги договори условите за продолжување на соработката со „спарси“, а згора на тоа ги надмина и проблемите со повредата поради која пропушти поголем дел од натпреварите на стартот од сезонава.

Али има договор со Тотенхем до 2022 година, но управата на лондонскиот клуб инсистираше на нови преговори со кои анлгискиот репрезентативец би бил награден за добрите игри со поголема плата. Според британските медиуми, начелно се договорени деталите, Али ќе ја надмине границата од 100.000 фунти неделна заработувачка, плус богати бонуси, што би требало да биде доволно и за да се „оладат“ клубовите како Манчестер јунајтед, Челси и Реал Мадрид, кои најавуваа понуди за овој фудбалер на крајот од сезонава.

Воедно, Деле Али од вчера почна со тренинзи со остатокот од првиот тим на „спарси“, па големи се шансите дека тој ќе може да одигра најмалку 30 минути на големото дерби со Манчестер сити закажано за понеделник.

„Присуството на Деле Али е одлично за сите во тимот. Сепак, ќе мораме да бидеме претпазливи, знаеме дека ја обнови повредата само што се врати против Ватфорд. Ќе видам како ќе тренира овие два дена, па ќе решам дали и колку ќе игра в понеделник“ – изјави Маурицио Покетино.

Се вчитува...