ЕХФ го објави идеалниот тим на европскиот шампионат за жени што ќе заврши денеска со одигрувањето на финалниот натпревар меѓу Франција и Норвешка
Во овој дрим-тим има место и за две поранешни ракометарки на ЖРК Вардар. Јованка Радичевиќ и покрај слабите резултати на црногорскиот состав сепак беше избрана за најдобро десно крило на шампионатот. Друштво на Радичевиќ и прави поранешното лево крило на „црвено-црните“, Норвежанката Камила Херем. Таа е една од трите норвешки репрезентативки кои се дел од дрим-тимот, заедно со десниот бек Нора Мерк и средниот бек Стиде Офтедал.
Хрватска, која е најпријатно изненадување на ова ЕП, исто така е застапена со една ракометарка во овој идеален тим, пивотот Ана Дебелиќ. Бобровникова од Русија е избрана за најдобар десен бек на шампионатот, а во дрим-тимот има место и за две репрезентативки на Данска, голманката Сандра Тофт и најдобрата дефанзивка Лине Хаугстед.
Изненадувачки, во дрим-тимот на ЕП 2020 нема место за ниту една ракометарка од финалистот Франција. Како утеха, МВП на шампионатот е Естел Нзе Минко од таборот на „триколорите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА