Две фотки низ времето: Детето порасна, а Руни се уште му набива комплекс на Сити

Вејн Руни вечерва го прослави својот 200. погодок во Премиер-лигата, а искусниот голгетер не можеше да посака подобро место, стадионот „Етихад“ на кој тој постигна бројни погодоци за Манчестер јунајтед на дуелите со градскиот ривал Манчестер сити.

Јасно е дека фановите на Сити не го паметат англискиот ас по добро, но многу интересни се овие две фотографии, во временско растојание од четири години.

Руни дава гол на истиот стадион, слави пред истата трибина, на која се забележливи и истите навивачи. Разликата меѓу двете фотографии е што детето во меѓувреме порасна, но се уште има кошмари кога неговиот тим игра против Вејн Руни.

runi siti1 runi siti2

Се вчитува...