Две години беше во инвалидска количка, сега „тресе“ мрежи за Барселона

Данскиот интернационалец Мартин Братвајт постигна гол во првиот натпревар по паузата поради пандемијат од коронавирусот за Барселона, оправдувајќи ги очекувањата на раководството кој на сензационален начин и неочекувано се одлучи да го доведе од редовите на Леганес. Иако сега го живее сонот настапувајќи за еден од најдобрите клубови во Европа, неговиот пат кон врвот не бил воопшто лесен.

На почетокот не било сигурно дали воопшто тој ќе може да оди, а не уште да се занимава со фудбал. На петгодишна возраст тој имал Лег-Калв-Пертесова болест, што предизвикува коската во колкот да биде мека и кога таа се развива може да доведе до нејзино деформирање што доведува до потешкотии при одењето и невозможност за трчање. Поради оваа болест Братвајт две години морал да ги помине во инвалидска количка.

„Бев во инвалидска количка две години. Фудбалот ми беше се. Целта ми беше да станам фудбалер. Тоа што успеав да го пребродам тој период од живото го прифаќам како подарок. Се надевам дека мојата приказна ќе биде мотив за секого дека може да биде во лоша ситуација во животот, но ако верувате дека работите може да се променат“, изјави Братвајт. 

Братвајт во Барселона пристигна годинава од редовите на Леганес. Досега за „каталонците“ забележа четири настапи, а на првиот натпревар по паузата се запиша во листата на стрелците во победата на Барселона над Мајорка на гости од 0-4.

Се вчитува...