Две катастрофални вести во ист ден за Минесота

Минесота поведе со 3-1 во плејоф серијата против Денвер нагетс, но последниот триумф беше прескапо платен поради две незгодни повреди на клучни играчи на тимбервулвс.

Првата ѕвезда на клубот, Ентони Едвардс, мораше предвреме да го заврши натпреварот откако лошо доскокна при една акција во одбраната. Првите прегледи покажаа дека не станува збор за оштетување, туку само за незгодно истегнување на лигаментите. Предвидената пауза изнесува најмалку две седмици, што значи дека Едвардс ќе го пропушти остатокот од оваа плејоф серија, а можеби и стартот од полуфиналето на Западната конференција доколку Минесота ја искористи предноста за да го елиминира Денвер.

Далеку полошо мина Донте Дивинченцо, кој ја скина тетивата на ногата, па за овој кошаркар не само што плејофот заврши предвреме, туку тој најверојатно ќе го пропушти и стартот на наредната сезона.

Се вчитува...