Две легенди – еден меч, победникот ќе оди во полуфинале

Две од најголемите имиња на тенисот ќе играат меѓу себе по 49-ти пат во продолжение на епското ривалство. Победникот ќе си обезбеди место меѓу полуфиналистите на АТП фидналето во Лондон. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаа неочекувани резултати во двете претходни кола од групната фаза и затоа оваа пресметка ќе биде клучна и за двајцата.

Ако за Федерер е ова само пат до ново полуфинале, за Ѓоковиќ е и дополнителен притисок со оглед дека му е значајно и за битката за првото место на АТП листата на крајот од годината која ја води со Рафаел Надал. Српскиот тенисер мора да го добие овој меч и за да остане во игра, а потоа ќе мора и да го освои турнирот за да има шанса за првата позиција на крајот од 2019 година. Тоа за него ќе биде шести ваков резултат во кариерата. Федерер го држи рекордот со шест титули и 15 полуфинални пласмани во 16-те издание на кои учествувал.

Мечот меѓу Федерер и Ѓоковиќ е во вечерниот термин, претходно Доминик Тим кој веќе е во полуфиналето по победите над Федерер и над Ѓоковиќ ќе се обиде да ја продолжи победничката низа против веќе елиминираниот Матео Беретини.

Се вчитува...