Две лица на Ангели – Работнички со пресврт до нова победа

Работнички максимално го искористи лесниот распоред на стартот од сезоната, во третото коло стигнувајќи до трет триумф, овојпат над домашен терен над новиот прволигаш КК Ангели со резултат 86-69. Тимот од Кисела Вода има за што да жали ако се знае дека на полувреме имаше водство од 38-49, но потоа на сцена стапија домашните кошаркари, кои доминираа до самиот крај и триумфираа со огромни 28 поени во второто полувреме.

Првата четвртина мина во израмнета битка, за потоа Анегли да „експлодираат“ во вториот период, во кој гостите реализираа дури 31 поен (21-31). Мандерсон беше во главна улога во првото полувреме во кое постигна 19 поени, но „центарци“ најдоа начин како да го запрат главното оружје на противникот, воедно и да влезат во ритам во нападот. Пресвртот беше направен веќе во третата четвртина во која гостите постигнаа само четири поени (17-4), за во последните 10 минути Работнички да стине и до убедлива победа.

Емерсон беше најефикасен кај победничкиот тим со 21 поен, Данаиловски реализираше 18 поени, додека Мацура оствари дабл-дабл од 17 поени и 17 скокови. Во таборот на Ангели прв стрелец остана Мандерсон со 22 поени, само три од нив во второто полувреме.

Се вчитува...