Две мајстории на Бакајоко и Осимхен, триумф на Наполи – Елмас доби пет минути (ВИДЕО)

Наполи стигна до лесна победа од 0-2 на гостувањето против Торино во 33. коло од Серија А, благодарение на два брзи гола на Бакајоко и Осимхен уште во првите 13 минути од играта.

Најпрво Бакајоко постигна прекрасен погодок со шут од далечина во 11. минута.

 

А, во 13. минута и Осимхен со извонреден соло-продор од околу 50 метри успеа да го матира домашниот голман.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 85. минута од средбата, на местото на Инсиње.

 

Се вчитува...