Академија ФМП денеска официјализираше уште два нови трансфери, откако прволигашот од Кисела Вода потпиша договори со Леонид Тодоровски и со Џашон Смит.
Центарот Тодоровски доаѓа во тимот на Академија ФМП од втората екипа на МЗТ Скопје, чии бои ги бранеше минатата сезона. Тој ќе ја засили екипата за борбата под кошевите, откако Какруки си замина и се пресели во редовите на Работнички.
Што се однесува до Џшон Смит, станува збор за 200 сантиметри висок крилен кошаркар. Според информациите од САД, станува збор за играч кој е исклучително скочен и атрактивен во завршниците од акциите. Се очекува двете нови засилувања наскоро да му се стават на располагање на тренерот Александар Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА