Две победи досега со Исланѓаните во Скопје: Христов, Стојков и Ивановски стрелаа на домашен терен… (ВИДЕО)

Македонската репрезентација досега во историјата има пет дуели со селекцијата на Исланд, од кои два на домашен терен.

Статистички сме безмалку израмнети со Исланѓаните против кои досега во три меча немаме гостинска победа, но затоа пак на двата натпревари во Скопје запишавме победи.

Во јуни 2009 година во квалификациите за ЕП, Македонија триумфираше против Исланд со погодоците на Аце Стојков и Филип Ивановски. Асистент на голот на Ивановски беше актуелниот асистент во стручниот штаб на Благоја Милевски, Влатко Гроздановски.

Претходно, пак, првиот триумф беше на 7. јуни 1997 година кога славевме со голот на Ѓорѓи Христов во 54. минута од средбата.

ДОСЕГАШНИТЕ МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ СО ИСЛАНД
1. јуни 1996: Исланд – Македонија 1-1
7. јуни 1997: Македонија – Исланд 1-0
15. октомври 2008: Исланд – Македонија 1-0
10. јуни 2009: Македонија – Исланд 2-0
5. септември 2021: Исланд – Македонија 2-2

Се вчитува...