Две победи и еден пораз е билансот на Македонија против Црна Гора (ВИДЕО)

Македонија и Црна Гора досега играат само пријателски натпревари, и немаат ниту еден официјален дуел. Денеска во Анталија, Македонија ќе го одигра четвртиот меч со Црногорците во историјата, а досегашниот биланс е две победи и еден пораз.

Три гола постигна Александар Трајковски, се уште актуелниот репрезентативец на Македонија, на последниот дуел со Црна Гора одигран во ноември 2015 година во Скопје. Тогаш Трајковски доминираше, и едниот од головите ги постигна од пенал во победата од 4-1. Првиот гол беше дело на Ванче Шиков, тогашниот капитен на националниот тим.

На споменатиот натпревар, дебитираше Столе Димитриевски, кој од тогаш е незаменлив меѓу диреците на Македонија. Претходно во март во 2010 година, Македонија исто така ја совлада Црна Гора во Скопје на пријателски меч со 2-1, со головите на Наумоски и на Пандев.

Првиот меч меѓу овие две селекции воопшто е одигран во 2008 година во Подгорица. Тогашната селекција на Црна Гора славеше триумф од 2-1. Овие две селекции немаат одиграно ниту еден официјален натпревар.

Се вчитува...