Две ракометни легенди – Лазаров и Карабатиќ (ФОТО)

Кире Лазаров денеска го игра последниот меч во „Ланксес Арена“ во Келн во својата фантастична кариера, кога со својот Нант ќе излезе на мегдан против ПСЖ во мечот за третото место од Лигата на Шампионите.

Лазаров и соиграчите не успеаја да приредат изненадување во вчерашното полуфинале со Барселона, па во денешниот дуел за „бронзата“ ќе се сретне со поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес.

Очекувано, Лазаров се најде во центарот на вниманието во пресрет на натпреварот, па фоторепортерите во Келн го фатија во заеднички разговор со големиот ас на ПСЖ, Никола Карабатиќ.

Колку само ракометно знаење и искуство имаат заедно овие двајца великани.

Се вчитува...