Две злата за македонските специјални олимпијци

Македонските претставници на Специјална олимпијада на одличен начин го стартуваа настапот на Светските игри. Марио Мицевски и Стефан Трпковски освоија златни медали на 50 метри во слободен стил. Стефан Трпковски исплива 50 метри за 1,12 минути и беше најбрз, а потоа Марио Мицковски стигна исто така до злато на 50 метри слободно со препливана делница под една минута – 53 секунди.

Македонската специјална олимпијада во Абу Даби замина со 26 члена делегација, а македонските спортисти ќе се натпреваруваат во три дициплини – пливање, атлетика и унифајт кошарка. Ревијално имаа и претставник во танц.

Се вчитува...