Двоен европски шампион позитивен на допинг-тестот

Британскиот атлетичар Најџел Левин, бил позитивен на допинг тест, објави „Дејли мејл“. Кај 28-годишниот Левин е утврдена употреба на забранетата супстанца кленбутерол. Доколку резултатите се потврдат и со вториот тест, на Британецот му се заканува суспензија.

Нејџел Левин е двоен европски шампион со штафетата 4х400 метри и трикратен освојувач на медали на светските атлетски првенства.

Во јануари оваа година, Левин е неговиот репрезентативен колега, Џејмс Елингтон имаа тешка сообраќајна несреќа со мотор за време на подготовките во Тенерифе. Левин заврши со тешки повреди и ја пропушти целата сезона.

Се вчитува...