Ливерпул ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Ајакс откако Јирген Клоп по Ван Дајк остана без уште двајца важни фудбалери во тимот. Тијаго Алкантара не отпатува за Амстердам по повредата заработена по бруталниот старт на Ричарлисон во самиот финиш од градското дерби со Евертон, а против Ајакс нема да настапи ниту Матип, кој заработи полесна повреда на истиот натпревар.
„Сите добро знаете зошто Тијаго не е со нас. Не знам кога ќе се врати. Што се однесува до Матип, тој исто така нема да игра со Ајакс, но би можел да настапи веќе викендов против Шефилд“, изјави Клоп на вечерашната прес-конференција.
Германскиот стратег нема избор во одбраната, Фабињо ќе мора да биде вратен во последната линија крај Џо Гомез, а добра вест е што Наби Кеита доби зелено светло за настап по погрешните резултати за позитивниот Covid-19 тест за време на репрезентативниот настап во Гвинеја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА