Двоен стрелец: Несторовски почна да „стрела“ и за Удинезе

Не требаше да мине многу време за Илија Несторовски да почне да ги покажува своите квалитети и во дресот на Удинезе, откако македонскиот голгетер беше двоен стрелец на „фриулијаните“ на денешниот пријателски натпревар против Кјарлинс.

Дуелот со италијанскиот четвртолигаш беше искористен од страна на тренерот Тудор за да го испроба тандемот Несторовски – Теодорчик. Само неколку минути беа доволни за двајцата голгетери да „кликнат“ и да профункционираат заедно, Теодорчик несебично асистираше, а Несторовски го постигна својот прв гол во дресот на новиот клуб за водство од 1-0. На одмор се замина со водство на Удинезе од 2-0, а Нестор-гол во вториот дел постигна уште еден погодок, овојпат за водство од 4-0.

Македонецот беше повлечен од игра во 67. минута заедно со Теодорчик, при позитива на Удинезе од 6-0.

Се вчитува...