Двоецот Бопесу – Петковски за триумф на Работнички над Силекс… (ВИДЕО)

Работнички стигна до првата победа во новата сезона славејќи со 2-1 (2-0) против Силекс во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домашните на националната арена „Филип Втори“ во Скопје до триумфот стигнаа благодарение на двоецот Жоел Бопесу, кој сервираше две асистенции, и Петар Петковски кој, пак, заокружи со два гола за три бода.

„Романтичарите“ до предност од 1-0 дојдоа преку брз контра напад во 12. минута поведен од Бопесу а мајсторски реализиран од Петар Петковски…

Претходно, Силекс имаше 100% шанса во 11. минута преку Дарко Додев за водство, но не успеа да ја реализира.

Во 29. минута Мбела имаше убава можност да донесе израмнување за Силекс, но не реализираше. Па, кога не се користат шансите на спротивната страна следеше казната и Работнички во 36. минута дојде до водство од 2-0 со извонредното ремек дело на Петар Петковски….

Тоа беше трет погодок за Петковски на стартот од сезоната, по оној првиот на денешниот дуел против Силекс во 12. минута, а откако претходно во првото коло постигна убав погодок и против Ренова.

Но, во второто полувреме „романтичарите“ како да се одлучија на одбрана на предноста дозволувајќи поголема агресивност во нападот на гостите. Па, по одредениот притисок следеше намалување на предноста на Работнички. Во 70. минута соборен во домашниот шеснаесетник Мбела, а сигурен реализатор од пенал беше Парфаит за 2-1…

Но, тоа беше се што направија гостите. До крајот на мечот избраниците на Ѓоре Јовановски рутински, не дозволувајќи посериозни шанси на противникот, ја одбранија предноста за прва победа во новата сезона.

Се вчитува...