Двојаковски се врати од Шпанија и потпиша за Охрид

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски, е нов член на АВ Охрид откако денеска потпиша договор за едногодишна соработка со охриѓани. Станува збор за играч кој како голем талент замина за Шпанија, таму настапуваше за Севилја, Аликанте и за Ла Коруња, за по седум години „во туѓина“ да се врати во Македонија.

„Најпрво да им се заблагодарам на сите луѓе во клубот за професионалноста, а потоа за шансата која ми ја пружија. Низ разговорите со челниците на клубот ми беше презентиран проектот кој многу ми се допадна и без размислување ја прифатив понудата. Од сега понатаму мене ми е редот да ги исполнам очекувањата и заедно да направиме добри работи сезоната која доаѓа“ изјави Двојаковски.

Се вчитува...