Двојки за Ф4: Јасикевичиус против Обрадовиќ, ЦСКА на мегдан со Реал Мадрид

Со завршувањето на четвртфиналните серии веќе се познати и полуфиналните двојки за претстојниот фајналфор турнир од Евролигата, што од 18 до 20 мај ќе се одржи во Белград.

Фенербахче ќе ја има улогата на бранител на трофејот освоен лани во Истанбул, а Жељко Обрадовиќ во обид да стигне до својата десетта европска круна најпрвин ќе мора да го мине Жалгирис. Литванците се предводени од извонредниот Шарунас Јасикевичиус, кој своевремено со успех настапуваше за Обрадовиќ и сигурно е добро запознаен со методите на работа на својот полуфинален ривал.

Во вториот дел ќе се сретнат ЦСКА Москва, која беше првопласирана по регуларниот дел, и Реал Мадрид, кој предводен од Дончиќ и Љуљ може да се носи со секој ривал.

Се вчитува...