ДВОЈНА КРУНА: Ѓоргиев царува во Јапонија

Никола Ѓоргиев ја комплетираше својата најуспешна сезона откако стигна до двојната круна во Јапонија, на Царскиот куп додавајќи му ја и шампионската титула во оваа далечна источна земја.

Тимот на Торај ероус, во чии редови настапува и најдобриот македонски одбојкар, славеше во финалната серија против Госеи со 2-0 во победи, откако по вчерашниот повторно славеше и на денешниот дуел со истиот противник, овојпат со 3-1 во сетови. Ѓоргиев и соиграчите го добија првиот сет со 25-20, гостите израмнија на 1-1 (23-25), но Торај го покажа својот квалитет, славеше во следните два сета со 25-16 и 25-23 за прва шампионска титула.

Ѓоргиев со овој успех испиша златни страници во клупската историја на Торај и сигурно ќе добие богата понуда за нов договор со овој клуб, но не се исклучува можноста Македонецот, кој претходно настапуваше во Турција и во Франција, да го има својот камбек во европската одбојка каде исто така бројни клубови се интересираат за неговите услуги.

Се вчитува...