Двојна олимписка шампионка сега се бори да застане на нозе

Двојната олимписка шампионка, Кристина Фогел, вели дека „не може да оди“ откако доживеа несреќа за време на тренинг во јуни годинава. 27-годишната германска велосипедистка се судри со друг тркач при голема брзина за време на подготовките во Котбус и се здоби со серизона повреда на рбетот.

„Верувам дека што побрзо ја прифатиш ситуацијата, побрзо ќе научиш да се справуваш со неа“ – изјави Фогел.

Таа има две олимписки злата од игрите во Лондон во 2012 година, и уште 11 титули од светските првенства.

Германската велосипедистичка федерација како и Светската велосипедистичка унија најавија силна поддршка за Фогел во нејзината борба со животните предизвици.

Се вчитува...