Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број 1 во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција А.Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.
Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6-3 6-1), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (6-0 6-0) – 2.коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (7-6(4) 6-3) – 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (6-2 6-3), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (6-4 6-1).
Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови (4-1 3-5 11-9). Амар Хусеиновиќ и оваа недела ќе има настап на турнир во Кенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА